Тажно – Милан има најмалку буџет за засилувања во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со овие пари не може да се купи никој, рампата стигна од Азија.

Во следната недела треба да биде потпишан прелиминарниот договор меѓу Кинезите и Берлускони, според тој Милан 100 % ќе биде во рацете на азискиот конзорциум. Цената е 750 милиони евра, што е помалку отколку што Берлускони се надеваше, но вредноста опадна поради очајните резултати во претходните години.

Галијани пробува да доведе засилувања, но има буџет од само 15 милиони евра, практично Бака ги блокира купувањата, продажбата на Колумбиецот го чека стоперот Мусачио од Виљареал.

Поради тоа што нема пари, јасно е дека Милан не можеше да направи во случајот со Марко Пјаца, разговараа и со Барселона околу позајмица, но и купување на Арда Туран, но без пари тоа е невозможна мисија.

Бака има нова понуда од Вест Хем, во случај да замине во касата ќе влезат 25 милиони, Галијани може да доведе неколку играчи и евентуално да го освежи тимот, а ќе видиме дали ќе има време кога Кинезите ќе го превземат клубот.

Во секој случај е тажно и да се прочита оваа суам и да се потсетиме како Милан некогаш лесно ги решаваше трансферитена трансфер пазарот.