Телохранителот на Шумахер гo уценувал семејството на возачот – барал милиони евра!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Наводно, телохранителот го смислил планот за уценување на семејството, со цел да извлече 15 милиони евра од нив, пренесува „Дејли Мејл“.

Михаел во 2013 година доживеа тешка несреќа при скијање, а од тогаш многу малку луѓе знаат во каква состојба всушност е тој бидејќи јавноста од тогаш не го видела.

Неговата сопруга Корина се погрижила да ја зачува неговата приватност. Меѓу луѓето на кои им било дозволено да го гледаат Михаел и кои знаат детали за неговата здравствена состојба е и неговиот телохранител Маркус Фриче, кој за возачот почнал да работи 18 месеци пред несреќата. 

Тој за семејството продолжил да работи наредните осум години, така што ниту еден од членовите не се сомневал во неговата лојалност. Затоа му дале целосен пристап до деталите за медицинските процедури на возачот. Меѓутоа, семејството одлучило да го промени режимот на грижа за Михаел и му дале отказ на Маркус, што го налутило.

Тогаш почнал да го смислува планот како да го уценува семејството на Шумахер. Како што наведуваат германските обвинители, Фриче го ангажирал својот долгогодишен пријател Јилмаз Тоцтуркан и неговиот син за да извлечат вртоглав износ на пари од семејството.

Нивниот план се вртел околу 1.500 фотографии, 200 видеа и обширни медицински забелешки за Шумахер.

Овој материјал наводно се наоѓал на четири УСБ стикови и два дискови кои, како што наведува странскиот медиум, Маркус ги зел од вилата на Шумахер кога сфатил дека ќе добие отказ.