Тен Хаг добива засилување од Интер?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед има многу желби на листата со потенцијални засилувања, а една од нив е Дензел Думфрис од Интер.

Думфрис се поврзуваше со Баерн Минхен во претходниот период, но тренерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг има јасен план.

Баерн наводно е подготвен да плати 30 милиони евра за бекот, а засега не е познато колку пари ќе бара Интер.

Овој 26-годишен фудбалер пристигна во Интер од ПСВ минатата година и се покажа како одлично засилување, а притоа запиша 45 настапи и постигна пет голови и седум асистенции.