Тен Хаг ја сака титулата: Пласманот во финале не значи ништо!

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг им кажа на своите фудбалери дека нивниот пласман во финале не значи ништо, освен ако не го освојат трофејот во Лига Купот.

Јунајтед и Њукасл на 26 февруари на „Вембли“ ќе го играат финалето, а Тен Хаг најави битка до последен здив за титула.

„Тоа е одлично, но во финале се игра на победа. Пласманот во финале не е доволен. Сакаме да освојуваме трофеи, но имаме и други работи кои треба да ги направиме. Добро е да се пласирате во финале, но сите на крајот зборуваат за победникот“, кажа Тен Хаг.

Јунајтед во моментов е на четврто место во Премиерлигата, а освен во Лига Купот се натпреварува и за трофеите во ФА-купот и Лига Европа.