Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед ја почна сезоната на лош начин, откако загуби со 1-2 од Брајтон во првото коло во Премиерлигата, а тренерот Ерик Тен Хаг кажа дека направил анализа и се надева дека грешките нема да се повторат во иднина.
Тен Хаг се појави денеска на прес-конференција, каде што зборуваше за неколку важни прашања, меѓу кои и иднината на Маркус Рашфорд, кој беше најавен како засилување за ПСЖ.
„Рашфорд е важен член на екипата и задоволен сум од него. Не сакам да го загубам и тој останува дел од моите планови во Јунајтед“, кажа Тен Хаг.
Холандскиот тренер исто така кажа дека Роналдо тренирал добро, но не сакаше да открие дали ќе биде стартер на мечот против Брентфорд.