Тен Хаг најави бура во соблекувалната по дебаклот против Ливерпул (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул вчера со 7-0 го декласира Манчестер јунајтед во вечното дерби во Премиерлигата, а ова е изненадување бидејќи екипата на Јирген Клоп не беше во најдобра форма пред дуелот.

Тренерот на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг воопшто не беше задоволен по натпреварот против Ливерпул и најави разговор со своите фудбалери.

„Може да загубите натпревар и никој да не ви се налути. Во првото полувреме одигравме добро, но во второто забележав непрофесионализам. Не смее да се случуваат вакви работи, мора да разговараме. Не станува збор за двајца-тројца фудбалери, туку за 11 луѓе. Ова не беше Манчестер јунајтед. Секој пораз е тежок, но сега ги разочаравме навивачите“, кажа Тен Хаг.