Тен Хаг: Не сакам да коментирам за Санчо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг беше задоволен по победата против Кристал Палас во Лига Купот од 3-0.

„Ѓаволите“ се пласираа во осминафинале на натпреварувањето, а Тен Хаг кажа дека неговите фудбалери ги оствариле договорените цели.

Новинарите ги интересираше и иднината на Џејдон Санчо, кој е суспендиран од првиот тим на „ѓаволите“, по што Тен Хаг даде краток коментар.

„Немам коментар за фудбалери кои не се со првиот тим. Немам што да ви кажам за Санчо“, кажа Тен Хаг.