Тен Хаг: Ни требаат гладни фудбалери кои ќе гинат за Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед денеска ќе се соочи против Тотенхем, а тренерот Ерик Тен Хаг кажа што очекува од своите фудбалери.

„Црвените ѓаволи“ повторно имаат лоши резултати оваа сезона, па се надеваат дека со доаѓањето на британскиот милијардер Џим Ретклиф ќе се сменат работите на подобро.

„Ако сакате успех, потребни ви се гладни играчи. Ни требаат фудбалери кои ќе гинат за дресот на Манчестер јунајтед“, кажа Тен Хаг.

Дербито се игра на „Олд Трафорд“ од 17.30 часот.