Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг веќе мисли на следната сезона, а на листата со желби се наоѓаат три француски ѕвезди со кои сака да ги нападне сите титули следната сезона.
Прв на листата со желби е Адриен Рабио од Јувентус, кој и минатото лето се поврзуваше со премиерлигашот, но тогаш трансферот не се реализираше.
Втора желба на Тен Хаг е Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт, а за него интерес покажаа и други европски гиганти, додека бундеслигашот бара 100 милиони евра за трансферот.
Третиот и последен на листата со желби е Ману Коне од Борусија Менхенгладбах, кој ќе ги чини „црвените ѓаволи“ најмалку 30 милиони евра.