Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ерик Тен Хаг потпиша договор со Манчестер јунајтед и треба да седне на кормилото на тимот на крајот на сезоната, а веќе почна да ја составува листата со можни засилувања.
Една од желбите на Тен Хаг е талентираниот Френки Де Јонг, кој не се прилагоди во Барселона како што очекуваа сите, а притоа направи и мал скандал откако реагираше бесно поради замената од страна на тренерот Чави Ернандез.
Барселона нема да дозволи незадоволство во соблекувалната и доколку не ги решат односите со фудбалерите, Де Јонг наскоро би можел да биде продаден.
Јунајтед нема да штеди пари за Де Јонг, а планира да понуди и двајца фудбалери за услугите на талентираниот фудбалер. Од Манчестер се очекува да заминат Алекс Телес и Маркус Рашфорд.