Тен Хаг потврди четири договори важни за иднината на „ѓаволите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека Манчестер јунајтед решил да продолжи договори на четири важни првотимци на кои смета тренерот Ерик Тен Хаг.

Тен Хаг потврдил дека се постигнати четири договори, па така клубот ги активирал клаузулите за продолжување на соработките на Маркус Рашфорд, Лук Шо, Диего Далот и Фред.

„Да, може да потврдам дека постигнавме договори. Сакаме да напредуваме, но и да ги поддржиме нашите фудбалери. Поради тоа донесовме одлуки автоматски да се продолжат договорите“, кажа Тен Хаг.