Тен Хаг призна дека разговарал со Баерн: Го сакам тој клуб, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овие денови во центар на внимание се наоѓа Баерн Минхен, кој остана без тренер, откако Нико Ковач доби отказ по дебаклот против Ајнтрахт Франкфурт (1-5).

Баварците веднаш реагираа и се збогуваа со Ковач, па сега бараат нов стратег. Како што е обичај, Баерн се поврзува со многу тренери, кои се без работа, а најпрво се мисли на Жозе Мурињо и Максимилијано Алегри.

Германски „Билд“ објави вчера дека прва желба на Баварците е тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, но тој во моментов сака да остане во Ајакс.

„Можам да потврдам дека останувам во Ајакс. Чувствувам поврзаност со тимот и сите во клубот. Баерн е фантастичен клуб и се чувствувавм убаво таму. Тој клуб е во моето срце, но сега сум во Ајакс“, вели Тен Хаг.