Тен Хаг: Триумфот над Барселона е најголем за мене од доаѓањето во Манчестер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед со пресврт славеше против Барселона (2-1) и избори осминафинале во Лига Европа, а тоа е најголема победа за тренерот Ерик Тен Хаг.

Тен Хаг беше задоволен од настапот на неговата екипа, која беше одлична на теренот и заслужи да се пласира во следното коло.

„Мислам дека ова е моја најголема победа. Имавме неколку добри триумфи, против Арсенал и Ливерпул, но мислам дека овој против Барселона е поголем од било кој друг“, кажа Тен Хаг.

Денеска во Нион ќе се одржи ждрепката за осминафиналето во Лига Европа.