Тен Хаг знае како ќе изгледа неговиот тим – доаѓаат шест врвни засилувања на „Олд Трафорд“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ерик Тен Хаг потпиша договор со Манчестер јунајтед и ќе седне на кормилото на тимот на крајот на сезоната, по што следното лето ќе ангажира неколку засилувања со кои ќе се обиде клубот да го врати на врвот во Премиерлигата.

Англиските медиуми пишуваат дека Тен Хаг ќе ангажира шест врвни засилувања, а се очекува во екипата да стигне Матијас де Лихт во одбраната, како и Макс Аронс.

Тоа ќе биде само стартот, затоа што во средниот ред се очекува да пристигнат Френки де Јонг и Филипс од Лидс, додека во нападот ќе заигра и Пауло Дибала од Јувентус.

Како последно и најголемо засилување во шпицот на нападот се споменува Виктор Осимен, кој игра фантастично за Наполи.