Тенисер кој ќе игра против Надал си ја крстил својата мачка – Рафа!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Рафаел Надал игра врвен тенис, а во меѓувреме се соочува со момчиња кои се восхитувале како деца на неговите настапи.

Неодамна шведскиот тенисер Михаел Имер беше импресиониран од Ѓоковиќ, па ја стави неговата слика на патиките, а сега Себастијан Корда ќе се соочи против својот идол – Надал.

„Кога растев, имав мачка која се викаше Рафа. Тоа доволно зборува колку го сакам Надал“, кажа американскиот тенисер.

Иако го обожава Рафа, секако дека би сакал да го изненади, но Шпанецот е апсолутен фаворит и на Корда ќе му треба вистинско чудо за да се пласира во четвртфиналето.

Надал, од друга страна, се бори за 13. титула на Ролан Гарос, со што ќе ја продолжи доминацијата на турнирот.