Тенисер се изнервира, па ја искрши камерата сред натпревар! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите имаат право да ги искажат емоциите, па и тенисерите, иако некогаш мора барем малку да се контролираат за да не се случи нешто идентично како на Елиас Имер.

Имер ги загуби нервите и удри едно топче со сета сила, но тоа не заврши надвор од стадионот, туку директно во телевизиска камера за време на преносот на мечот од првото коло во Салцбург.

Камерата беше поставена зад него и ништо не му згреши, но Швеѓанецот наивно изгуби поен, па реши да го истури бесот.

Главниот судија му даде само предупредување на Имер, кој сепак го загуби натпреварот против неговито ривал со 4-6 и 3-6.