Тениски експерт најави крај на доминацијата на Ѓоковиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познатиот експерт Патрик Муратоглу кажа дека Новак Ѓоковиќ повеќе нема да биде на врвот на АТП-листата, туку неговото место ќе го преземе Јаник Синер.

Ѓоковиќ зад себе има одлична сезона во која освои три од четири гренслем-титули, но притоа двапати загуби од Јаник Синер на крајот на сезоната.

Муратоглу вели дека токму тие два меча покажале дека Синер може да го симне Ѓоковиќ од врвот.

„Втората половина од 2023 година ми даде чувство дека Синер може Ѓоковиќ да го победи секаде. Ме потсети на 2011 година и што таа значеше за Ѓоковиќ. Се сеќавам имав дискусија со Тони Роуч таа година на Австралија Опен и тој ме праша кој ќе игра подобро таа година. Не се сеќавам кого избрав, но Тони ми одговори дека Ѓоковиќ ќе победува и тоа ќе биде негова година. Затоа мислам дека 2024 година ќе биде на Синер“, кажа Муратоглу.