Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по шести пат во кариерата стана шампион на Вимблдон, откако во финале го совлада Матео Беретини со 3-1 во сетови.
Ѓоковиќ со титулата на Вимблдон се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал по број на трофеи на гренслем-турнирите, па на Ју-Ес опен ќе има можност да ги надмине.
Србинот по Австралијан опен, Ролан Гарос го освои и Вимблдон и така стана прв тенисер по 52 години кој ги освоил првите три гренслема во сезоната.
Последен кој го направи тоа е Род Лејвер во 1969 година, а тогаш по вторпат во кариерата. Други тенисери на кои им успеа да ги освојат сите четири гренслем-турнири во иста година беа Џек Крафорд, Дон Буџ и Лу Хоад.
Поминаа повеќе од 10 години откако еден тенисер победил на Ролан Гарос, па птооа на Вимблдон. Тоа му успеа последен пат на Надал во 2010 година, а претходно истото му успеа на Федерер.