Тепачка по дербито меѓу Јувентус и Интер (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вистинска драма се случуваше на дуелот меѓу Јувентус и Интер, откако гостите постигнаа гол преку Ромелу Лукаку во 95. минута за 1-1 во првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија.

На крајот на дуелот во клинч влегоа Самир Хандановиќ и Хуан Квадрадо, по што почна хаосот на теренот во кој се вклучија Аркадиуш Милик, Дамфрис, Лукаку и останатите фудбалери.

Судијата веднаш им покажа црвени картони на Хандановиќ и Квадрадо, па тие ќе мора да го пропуштат реваншот во Купот.