Тепачка во Мадрид: Партизан поведе со 2-0 против Реал (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Партизан водат со 2-0 во четвртфиналето против Реал Мадрид во Евролигата, откако вечерва беа подобри од шпанскиот клуб до моментот кога беше прекината средбата.

Партизан во текот на целиот натпревар доминираше и имаше двоцифрена разлика, а во завршницата од дуелот влезе со +15 (95-80), кога Серхио Љуљ го удри Кевин Пандер и предизвика тепачка на теренот.

Судиите решија да го прекинат натпреварот затоа што домаќините останаа без кошаркари кои може да го одиграат мечот и победата им е доделена на гостите од Белград.