Тепачка во НБА: Кошаркар нокаутиран од зад грб! (Видео)


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Натпреварот во кој Детроит пистонс го совладаа Орландо меџик (121-101) го одбележа тепачка меѓу кошаркарите.

На крајот на втората четвртина во главна улога беше Мориц Вагнер, кој прво го удри Килијан Хејнс пред да го нападнат останатите.

Хејнс му возврати со удар во глава, а Вагнер падна на паркетот и делуваше како за момент да е во несвест, по што ситуацијата набрзо се смири и дуелот продолжи.

Најдобар кај Детроит беше Буркс со 32 поени, додека Беј постигна 28, а на спротивната страна се истакна Вагнер со 19 поени и шест скокови.