Тер Штеген не попушта – ќе ѝ земе 42 милиони евра на Барселона, па ќе си замине!?


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Марк Андре Тер-Штеген и Барселона полека, но сигурно влегуваат во „војна“. Најверојатно, Германецот нема намера да го олесни своето заминување од Каталонија, напротив, единствениот начин да се согласи на раскин на договорот е Барселона да му ја исплати целата заработка според договорот до 2028 година, што изнесува дури 42 милиони евра.

Јасно е дека Барселона нема да ја прифати оваа уцена, па спортскиот директор Деко ќе се обиде да пронајде идеално решение за сите страни, што сигурно нема да биде лесно.

Големата плата на Тер-Штеген претставува проблем за сите клубови, освен за оние од Саудиска Арабија, кои го повикуваат, но Германецот одбива да оди надвор од Европа, бидејќи планира да се натпреварува на највисоко ниво до Светското првенство 2026 година кога конечно ќе биде стартер.

Галатасарај го посакува Тер-Штеген, кој е моментално најконкретен, Милан го контактирал, но засега се откажале поради преголемата плата, додека интересот на Јунајтед во овој моментaр е во магла. Познато е дека Рубен Аморим би довел замена за Андре Онана, но Тер-Штеген не е првата, ниту единствена цел.

Во случај Тер-Штеген да стане слободен, односно на крај да се согласи на раскин на договорот, сигурно е дека клубовите ќе се јавуваат, бидејќи ќе биде идеална опција без обесштетување.

Засега, во линијата се Галатасарај, Милан и Манчестер Јунајтед, но изгледа дека нема да се согласи да биде на трансфер листата, односно Барселона и да заработи од неговото заминување.

Фото: Принтскрин