Тешка повреда на ѕвезда на Лејкерс: Дејвис не можеше да стои на нозе! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс доживеа тежок пораз на гостувањето кај Минесота со 92-110, а повеќе од тоа ги загрижува тешката повреда на Ентони Дејвис.

Очигледно ѕвездата на Лејкерс ќе мора да оди на подолга пауза, затоа што повторно има иста повреда како претходно, која ја заработи по дуелот против Џејден Мекдениелс, по што се фати за коленото.

Колку е тешка повредата доволно покажуваат и снимките од самиот терен, каде што можеше да се забележи дека Дејвис едвај стои на нозе, а потоа тргна кон соблекувалната, но падна по пат.

Засега не е познато колку долго ќе паузира Дејвис, но дополнителните прегледи ќе дадат јасна слика за тоа.