Тешко може да се каже кое е подобро: НБА-ноќта ја одбележаа две одлични забивања (ВИДЕО)


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Минатата НБА-ноќ ја одбележаа две навистина спектакуларни забивања. Едно од нив му успеа на 19-годишниот Французин Секу Думбија.

Кошаркарот на Детроит пистонс успеа да забие жестоко преку центарот на Кливленд, Тристан Томпсон и уште реши да го исмејува поради тоа.

Исто така, центарот на Бруклин нетс, Џерет Ален имаше навистина спектакуларно забивање во дуелот против Оклахома

Иако и Мајк Мускала му се најде на патот, сепак тоа не го спречи Ален да забие и да ја крене публиката на нозе.