Тешка повреда и солзи на Нејмар за крај на сезоната


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бразил со головите на Ричарслон и Габриел Хесус во пријателскиот меч го совлада Катар со 2-0, но овој меч го обележа повредата на најскапиот играч во светот Нејмар.

Откако поради повреда на стапалото пропушти голем дел од сезоната, тој повторно доживеа исклучително сериозна повреда.

Излезе после 20 минути игра откако во дуел со еден противнички фудбалер доживеа повреда на лигаментите на зглобот.

Секако, ова не помина без солзи. Ѕвездата на ПСЖ заплака на клупата, а потоа со помош на членови на тимот беше однесен во соблекувалната.

Фудбалскиот сојуз на Бразил потврди дека се работи за повреда на лигаментите на десниот зглоб и Нејмар нема да игра на претстојната Копа Америка.

Ова е само уште една лоша вест за Бразилецот кој во моментот се соочува со уште една драма после обвинување за силување.

Тажен и болен крај на сезоната а еден од најдобрите фудбалери во светот.