Тевез од првата плата на сите роднини им купил по една куќа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карлос Тевез е еден од најдобрите аргентински фудбалери во претходните две децении. Тој ја почна кариерата во Бока јуниорс, а за првиот тим дебитираше на 18 години.

Тевез порасна во сиромаштија, но успеа да се избори за свое место меѓу ѕвездите. Овој 37-годишен напаѓач се врати во Аргентина пред три години, а според информациите Тевез во Кина за една сезона заработи 40 милиони евра.

Напаѓачот првите посериозни пари ги заработи во 2005 година, кога ја напушти Бока јуниорс и потпиша за бразилски Коринтијанс.

Искусниот напаѓач добил поголема плата, а веднаш потоа купил домови за своите роднини за да ги спаси од сиромаштија.

„Својата прва поголема плата ја добив во Коринтијанс. Решив да го почестам моето семејство. Купив 10 куќи за своите вујковци и тетки од сиромашната населба“, вели Тевез.