Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Хорхе Лоренцо, петкратниот шампион во Мото ГП, ќе ја пропушти трката за Големата награда на Холандија, откако заработи тешка повреда.
Овој 32-годишен возач на тренинг пред трката ја загуби контролата над моторот и падна, по што се пожали на болки во градите и грбот, а подоцна беше потврдено дека е скршен шестиот пршлен.
На патеката Асен, на која и пред неколку години исто така имаше тежок пад, при кој заработи тешка повреда, а Лоренцо сега повторно ќе мора да паузира поради повреда на истата трка.
„Доживеа тежок пад. Беше дезиорентиран и нестабилен. Не сум задоволен со резултатите. Решивме да направи преглед на рбетот со магнетна резонанца, па ќе дознаеме повеќе за повредата“, кажа тимскиот доктор.