Тибо Куртоа како да има желба навивачите на Челзи повеќе да го замразат!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Го „вика“ Азар во Реал.

Тибо Куртоа веќе се замери со навивачите на Челзи кога одлучи минатото лето да го напушти Стамфорд Бриџ и премина во Реал Мадрид.

После новите изјави во кои го „повикува“ најдобриот играч на Челзи, Еден Азар да му се придружи во Реал Мадрид, лондонските навивачи ќе го замразат повеќе.

Веќе одамна се шпекулира дека Еден Азар можно е да го напушти Челзи уште ова лето и да замине во Реал Мадрид кој успеа да го врати Зинедин Зидан на клупата кој очигледно е дека сака да ги реформира редовите на тимот и да ги створи новите Галактикоси.

И самиот Азар во неколку наврати во неговите изјави додаде „масло“ на огнот и извести дека посакува трансфер во Реал, а неговиот сонародник нема да има ништо против тоа да го види во култниот бел дрес.

„Не знам каква е неговата иднина и незнам дали Реал сака да го доведе, но тој е еден од моите најдобри пријатели во фудбалот така да посакувам да дојде овде“, изјави Куртоа за медиумот Ел Ларгуеро.