Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
29 годишниот фудбалер од средниот ред на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара ги договорил личните услови со тимо тна Ливерпул.
Сега останува Ливерпул само да ја плати посакуваната сума на Баерн Минхен која е во висина од околу 30 милиони евра.
Шпанскиот интернационалец во моментов е во Барселона каде се одмара по напорната сезона, а се верува дека тој нема да се појави на ковид тестирањата во баварскиот клуб затоа што ќе го очекува трансферот во Ливерпул.
Манчестер Јунајтед само се распрашувал за него, но Тијаго никогаш не бил прва опција за Оле Гунар Солскјер кој пред некој ден го ангажираше Дони ван де Бек од Ајакс.