Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тијаго Алкантара упати совет до Баерн Минхен да го сочуваат Фелипе Кутињо на „Алијанц Арена“ и следната сезона.
Шпекулациите говорат дека „баварците“ нема да го добијат Кутињо на перманентна основа, меѓутоа Тијаго се надева дека Кутињо сепак ќе остане во Баерн.
„Го знам многу добро, тој е одличен. Го гледав како игра од 12 години. Играв против него во Бразил и обожавам како игра. Не му недостига ништо. Сакам да играм со играчи кои се на топ ниво, а тој е феномен. Тој е одлично момче кое работи напорно. Фудбалерите минуваат низ моменти кои не се многу добри за нив. Се надевам дека ќе биде тука и следната сезона“ –изјави Алкантара.