Тијаго Силва се враќа во Италија по осум години?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тијаго Силва реши да го напушти Милан во летото 2012. година и да ја продолжи кариерата во дресот на ПСЖ.

Росонерите тогаш заработија 42 милиони евра од продажбата на бразилскиот дефанзивец, а тој беше втор играч на Милан по Златан Ибрахимовиќ, кој реши да ја продолжи кариерата во францускиот клуб тоа лето.

Бразилецот е член на ПСЖ веќе осум години, но се чини дека е време да се раздели. На вој 35-годишен играч договор му истекува на крајот на сезоната и се чини дека нема да ја продолжува соработката со парижаните.

Италијанските медиуми објавија дека челниците на Милан веќе контактирале со Силва и му рекле дека сакаат да го вратат на Сан Сиро. Тијаго Силва не е против тоа и веќе започнале преговори за договор.

Тутоспорт пишува дека проблемот е во тоа што Силва бара премногу висока плата, но клубот верува дека ќе се согласи на намалување на истата по целата ситуација на коронавизирусот. Тој треба да потпише двегодишен договор со Милан.