Тикет на денот (четврток, 30.03.2023)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Што да се каже за денешната понуда? Па ништо, ќе видите по предлозите, но веќе од утре се враќаме на старо. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Сакаријспор – Ејупспор – 0-2 @ 1.85 во Mozzart

Пред нас e дерби натпревар од втората турска лига и се работи за натпревар од 29-то коло каде што Сакаријаспор, четвртопласиранито тим ќе го дочека Ејупспор кој е на второто место. Домаќините во претходните три натпревари зедоа максимален број бодови, но треба да се каже дека два од тие три натпревари ги доби службени против тимови кои го напуштија натпреварувањето поради катастрофалниот земјотрес. Во неделата, Ејупспор изгуби од Ризе на домашен терен со минимален резултат и сега заостануваат зад Самсунспор четири бода. Ние овде очекуваме мирен натпревар без многу погодоци и типуваме 0-2 гола со квота 1.85 во Mozzart.

Смоуха – Исмаили – Х @ 2.52 во Bet365

Oва е натпревар од 21-то коло на египетската елитна лига каде што домаќините Смоуха го дочекуваат тимот на Исмаили. Ова е воедно и градско дерби бидејќи двете екипи доаѓаат од Александрија, но домаќините се значително подобро пласирани на табелата. Што се однесува до Исмаили тие се во зоната за елиминација и имаат ист број бодови како и последниот Харас. Меѓутоа Исмаили игра многу подобро во претходниот период и немаат пораз на последните седум натпревари. Ние овде веруваме дека бодовите ќе ги поделат и типуваме Х со квота 2.52 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3654.66

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk