Тикет на денот (недела, 03.07.2022)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И оваа недела е нешто послаба понудата за обложување, но секако дека тоа не е причина за да не ви претставиме тикет за денес. Ова е нашиот предлог.

Кефлавик – Фрем – 4+ @ 2.20 во Mozzart

Ова е дуел од исландската прва лига каде што се сретнуваат две екипи со сличен квалитет. Домаќините досега имаат освоено 11 бода преку 3 победи, 2 реми и 5 порази, а нешто сличен учинок, односно еден бод помалку имаат и гостите. Што се однесува до моменталната форма за нијанса Кефлавик се издвојува, но тоа не е ништо значително. Од досегашните изиграни дуели може да дојдеме до заклучок дека двата тима играат ефикасно, па головите на овој натпревар не би требало да изостанат. Наш предлог е 4+ со квота 2.20 во Mozzart.

Хам Кам – Молде – 2 @ 2.00 во Bet365

Хам Кам игра доста променливо во досегашниот тек од првенството, па оправдано се наоѓаат на средината на табелата. Добро е тоа што на последните два натпревари запишаа исто толку и победи, па со супер расположение го дочекуваат овој натпревар. Молде повторно има шампионски амбиции и засега може да кажеме дека им оди одлично со оглед на тоа што заостануваат два бода зад Лилестром, но имаат и еден натпревар помалку. Гостите се во фантастична победничка серија, па очекуваме да ја продолжат и на овој натпревар. Типуваме 2 со квота 2.00 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3654.40

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk