Тикет на денот (недела, 16.02.2025)


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Уште еден фантастичен ден е пред нас со полна понуда. Натпревари има многу, а ние издвоивме неколку и ви ги претставуваме во форма на тикет на денот. Ова е нашиот предлог.

Ле Авр – Ница – 2 @ 1.65 во Mozzart

Ле Авр запиша победа на последниот натпревар против Лил и слободно може да кажеме дека зедоа важни три бода кои им дадоа надеж за опстанок во француската елитна лига. Сега имаат повторно тежок противник и на домашен терен им доаѓа тимот на Ница кој е на горниот дел на табелата и важат за сериозни кандидати за пласман во Лигата на шампиони. Веруваме дека гостите нема да се соочат со проблеми на овој натпревар, а ние типуваме 2 со квота 1.65 во Mozzart.

Ваљадолид – Севиља – 2 @ 1.95 во 22Bet

Самиот факт што Ваљадолид има 15 бода, а покрај тоа е и во серија од четири последователни порази, јасно зборува дека овој тим следната сезона ќе го гледаме во Сегунда. Тие досега не прикажаа ништо посебно, а тешко дека до крајот ќе успеат да изборат опстанок. Севиља од друга страна не игра според очекувањата, но барем успева да се задржи надвор од црвената зона што е врвен приоритет за оваа сезона. Ние веруваме дека тимот од Андалузија ќе успее да земе нови три бода и типуваме 2 со квота 1.95 во 22Bet.

Ајнтрахт – Холштен Киел – 3+ @ 1.40 во 20Bet

Овде имаме дуел на две екипи кои ни доаѓаат од различни делови на табелата во германската Бундеслига. Ајнтрахт оваа година најави дека ќе „брка“ пласман во Лигата на шампиони и засега може да кажеме дека им оди одлично нa тој план бидејќи се наоѓаат на 3-та позиција на табелата. Холтешн Киел пак е во зоната за елиминација и може да кажеме дека имаат солиден заостаток во однос на екипите кои се на сигурно. Овде иако Ајнтрахт е фаворит, ние сметаме дека ќе гледаме натпревар со голови, па затоа типуваме 3+ со квота 1.40 во 20Bet.

Парма – Рома – 2 @ 1.90 во Bet365

Парма во последните пет натпревари запиша четири порази и само едно реми, па со тоа јасно се укажува дека на овој натпревар влегуваат со катастрофално расположение, а покрај тоа на табелата се наоѓаат на 18-то место, поточно на позиција која води во Серија Б. Рома пак во Серија А запиша неколку добри резултати, но тоа не е се уште доволно за да стигнат во конкуренција за европските купови. Според сите параметри, овде Рома е фаворит и бодовите би требало да припаднат кај нив. Наш предлог е 2 со квота 1.90 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.56

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 16.02.2025 во 06:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk