Тикет на денот (недела, 16.03.2025)


Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Денешната понуда е импресивна. Ние се потрудивме да направиме комбинација и да ви ја претставиме во форма на тикет на денот. Ова е нашиот предлог.

Рома – Каљари – 1 @ 1.50 во Mozzart

Рома конечно влезе во посакуваната форма и во последните пет првенствени натпревари запишаа пет победи што докажува дека се во фантастична форма и дека ако продолжат вака ќе се приклучат во борбата за пласман во Европа. Каљари пак е на долниот дел на табелата, а во последно време игра релативно лошо и на последните четири дуели зедоа само два бода од две реми и два порази. Овде Рома се издвојува како огромен фаворит, а ние типуваме 1 со квота 1.50 во Mozzart.

Бохум – Ајнтрахт – ГГ @ 1.57 во 22Bet

Бохум ги зеде можеби најважните три бода оваа сезона. Имено, тие на гостувањето на Алијанц успеаа да победат против Баерн Минхен и најинтересно е тоа што имаа негатива од 2 гола и самиот тој податок јасно укажува дека на овој дуел влегуваат со одлично расположение. Ајнтрахт пак како да влезе во некоја криза и на последните три првенствени натпревари запишаа три порази, но се уште се конкурентни за Лигата на шампиони. Овде ние очекуваме да гледаме интересен дуел и типуваме ГГ со квота 1.57 во 22Bet.

Леганес – Бетис – 2 @ 2.00 во Bet365

Леганес се уште збира бодови за да обезбедат сигурен опстанок, но некако во последно време тоа им оди тешко бидејќи прават се повеќе и повеќе киксови. После победата над Хетафе, овој тим запиша нов пораз од тимот на Селта. Бетис од друга страна запиша четири последователни победи и тоа едната е против Реал Мадрид, па сето тоа доведе овој тим да стане рамноправен кандидат за пласман во некој од Европските купови. Овде очекуваме Бетис да ја продолжат добрата серија резултати, па затоа типуваме 2 со квота 2.00 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.71

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 16.03.2025 во 07:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk