Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред нас е уште еден богат спортски викенд. Петокот скоро секогаш важи за вовед во викендот, па ние ќе се обидеме тој вовед да ви го направиме добитен. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Херта – Баерн – 2&ГГ @ 2.20 во 1xBet
Се уште ни е во сеќавање дуелот Баерн – Херта изигран во Минхен минатата есен. Берлинците прикажаа тежок отпор, но останаа без бодови бидејќи Баерн победничкиот гол го постигна во судиското продолжение. Натпреварот заврши 4-3, а сите погодоци за Баерн ги постигна Левандовски. Херта игра воглавно добро, но против Баерн е многу тешко да се освои бод. Домаќините се наоѓаат на долниот дел од табелата и мора да променат нешто доколку сакаат опстанок. Баерн од друга страна нема да биде „милосрден“, па како најлогичен тип за овој дуел ни е 2&ГГ со квота 2.20 во 1xBet.
Свонси – Норвич – 0-2 @ 1.83 во Bet365
Двете првопласирани екипи на англискиот Чемпионшип се сретнуваат во Свонси. Велшаните се во фантастична форма и врзаа седум натпревари без пораз со шест победи и само едно реми. Во тој интервал забележаа две победи во ФА Купот и стигнаа до 1/8 финалето од најстарото фудбалско натпреварување. Нивниот ривал, Норвич е во нешто послаба форма, но далеку од тоа дека немаат квалитет. Одбраната им функционира, но нападот им е тотално надвор од форма. Поради овие причини очекуваме мирен натпревар и типуваме 0-2 гола со квота 1.83 во Bet365.