Тикет на денот (петок, 19.07.2024)


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Moже да кажеме дека денес започнува новата фудбалска сезона. Започнуваат повеќе европски лиги, но за најјаките ќе мора да почекаме уште еден месец. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Нордсјеланд – Aлборг – 1&3+ @ 1.90 во Mozzart

Не може да се каже дека минатата сезона беше успешна за тимот од Фарум. Нордсјеланд на крајот остана без пласман во Европа со оглед дека заврши на 4-то место на табелата. Имаше шанса да победи над Копенхаген во последното коло, но тој дуел заврши со резултат 1-1 и овој тим остана на четвртата позиција. Алборг пак пред две години ненадејно заврши во втората лига, но успеаја да се изборат со проблемите и повторно се врати во елитниот ранг. Веруваме дека за оваа сезона се спремни, но не до толку за да го изненадат Нордсјеланд. Типуваме 1&3+ со квота 1.90 во Mozzart.

Бодо – Одд – 1/1&3+ @ 1.62 во 22Bet

Актуелниот шампион на Норвешка, игра доста послабо отколку на почетокот на сезоната. Сепак тие се уште се лидери, но Бран им се доближи на 4, а Молде и Викинг на 5 бода разлика. Можеби така е и подобро за да имаме возбудлив финиш на сезоната. Гостите се на 15-то место и нив им претстои грчевита борба за опстанок. Одд победи само еднаш во последните 11 првенствени рунди и нема големи шанси за успех оваа сезона. Овде ние очекуваме Бодо да доминира и типуваме 1/1&3+ со квота 1.62 во 22Bet.

Јаголенија – Пушча – 1&2+ @ 1.73 во Bet365

Започнува и полската Екстракласа овој викенд. Во драматичен финиш минатата сезона Јаголенија и Шљонск завршија со ист број бодови, но тимот од Бјалисток имаше подобар меѓусебен скор и славеше на домашен терен со 3-1. За време на паузата домаќините изиграа четири натпревари и запишаа две победи, едно реми и еден пораз, додека Пушча беа малку поактивни и изиграа многу повеќе контролни дуели каде што не беа поразени поточно сите дуели ги запишаа како реми и триумф. Домаќините се во блага предност на овој натпревар, а ние типуваме 1&2+ со квота 1.73 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3655.32

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk