Тикет на денот (петок, 25.11.2022)


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Со победата на Бразил над Србија заврши и првото коло од Мундијалот. Веќе од денеска започнува втората рунда, а покрај натпреварите од СП ќе имаме и дуели од некои европски лиги. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Катар – Сенегал – 2 @ 1.65 во Mozzart

Една од овие две селекции веројатно ќе остане без шанса за вториот круг веќе по завршувањето на второто коло. Двете репрезентации се поразени на стартот со идентичен резултат од 2-0. Домаќините запишаа пораз од Еквадор, додека Сенегал од Холандија. За Катар се знаеше дека не поседуваат некој посебен квалитет, но барем очекувавме да бидат храбри и борбени со оглед на фактот дека прв пат учествуваат на Мундијалот. Сенегал од друга страна се држеше одлично против Холанѓаните се до крајот, а потоа примија два погодоци. Со тоа всушност и се покажа дека Сенегал без Мане е сосема друг тим. Веруваме дека Африканците ќе бидат подобри од домаќините и типуваме 2 со квота 1.65 во Mozzart.

Ивердон – Ксамакс – 1Х&4+ @ 3.15 во Bet365

Ксамакс се препороди во однос на почетокот на сезоната кога се очекуваше дека сигурно ќе завршат на последното место во швајцарската Челинџ лига. И сега се последни, но го фатија чекорот со останатите тимови од долниот дел на табелата. Екипата од Нјшател започна со седум последователни порази, а после девет кола имаат само еден бод. Ивердон е на одличното трето место и ако сега заврши првенството ќе играат во бараж за Супер лига. Сепак, поразот во последното коло од Лозана покажа дека оваа екипа е надворд од форма. Наш предлог за овој дуел е 1Х&4+ со квота 3.15 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3655.20

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk