Тикет на денот (сабота, 11.11.2023)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Уште овој викенд имаме клупски фудбал, па потоа следува пауза за репрезентациите. Се надеваме дека правилно ќе го искористиме овој викенд.

Лече – Милан – 2 @ 1.75 во Mozzart

Тимот на Лече имаше одличен старт на сезоната, но некако во последниве неколку кола навлегоа во криза. Имено, на последните пет натпревари Лече нема победа и во тој временски период запишаа три порази и две реми. Милан од друга страна во Серија А исто така има лоши резултати и немаат победа во последните три кола, но успеаа да земат важни три бода во Лигата на шампиони против тимот на ПСЖ, па на овој дуел влегуваат со одлично расположение. Наш предлог е 2 со квота 1.75 во Mozzart.

Реимс – ПСЖ – ГГ @ 1.62 во 22Bet

Реимс има солидни резултати зад себе, па воопшто не е чудно што се наоѓаат на горниот дел на табелата, поточно имаат позиција која носи пласман во квалификациите за Лигата на шампиони, а доколку се случи тоа, веруваме дека фановите на овој тим би биле презадоволни. ПСЖ од друга страна има четири првенствени победи и еден пораз во рамките на ЛШ кој го запишаа пред неколку дена во Милано. Како и да е, овде очекуваме отворен натпревар и типуваме ГГ со квота 1.62 во 22Bet.

Антверпен – Стандард – 1 @ 1.65 во 20Bet

Делува дека екипата на Антверпен многу лесно ќе ја заврши „турнеата“ во Европа. Тие се последни во групата Х со четири остварени порази од четири изиграни натпревари. Тој крај може да значи нов почеток во домашното првенство, каде што ќе имаат повеќе време да се посветат. Во моментов се на 6-та позиција и бележат доста променливи резултати. Стандард од друга страна имаше три последователни победи, но потоа запиша едно реми и еден пораз. Ние овде очекуваме домаќините да ги земат трите бода и типуваме 1 со квота 1.65 во 20Bet.

Борнмут – Њукасл – 2 @ 1.67 во Bet365

Тимот на Борнмут има една победа во последните пет натпревари, па тоа јасно укажува дека се во прилично лоша форма. На табелата во англиската Премиер лига се наоѓаат во црвената зона, а општопознато е дека за нив приоритет е само навремениот опстанок. Њукасл пак бележи добри резултати во домашното првенство, но потфрли во рамките на ЛШ и таму запишаа пораз од тимот на Дортмунд со 2-0. На овој натпревар мора да земат три бода бидејќи не смеат да прават киксови на дуели со противници како денешниот. Типуваме 2 со квота 1.67 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3657.81

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk