Тикет на денот (сабота, 17.09.2022)


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Денес има богата понуда за обложување, а ние ќе ви помогнеме во изборот со добар тикет.

Виган – Ридинг – 1 @2.10 во Mozzart

Дерби на колото во англискиот Чемпиошип помеѓу два тима кои ќе се борат за висок пласман. Ридинг моментално се наоѓа на 4-то место со два бода повеќе од Виган, но има и натпревар помалку. Поради тоа ова е можност за домаќините да се искачат на табелата. Притоа, Виган е во добра форма и победи на последните два меча, а домашниот терен ќе биде голема предност. Од друга страна формата на Ридинг е во надолна линија и запиша два порази на последните три меча. Поради тоа нашиот предлог е Тип 1 со квота 2.10 во Mozzart.

Барселона – Елче – 4+ @1.75 во Bet365

Барселона игра одлично во шпанската лига, па ова е одлична прилика што побрзо да го заборави поразот од Баерн во Лигата на шампиони. Барселона игра ефикасно и оваа сезона на 5 меча постигна 15 гола, а прими само еден гол. Од друга страна Елче е еден од најлошите тимови во лигата и моментално се наоѓа на претпоследната позиција во лигата и ја има една од најлошите одбрани. Барселона е голем фаворит и очекуваме дека ќе победи со поголема разлика. Нашиот предлог е повеќе од 3,5 со квота 1.75 во Bet365.

Њукасл – Борнмут  – 1 @1.55 во Mozzart

Њукасл не ја отвори сезоната според очекувањата и според квалитетот на тимот кој го има. Моментално се наоѓа на 11-то место на табелата со само една победа, но тоа се должи и на тешкиот распоред кој го имаше овој тим. Дефинитивно само прашање на време е кога Њукасл ќе влезе во победничка серија, а ова е идеален меч за победа пред своите гледачи. Борнмут оваа сезона ќе се бори за опастанок, но покажа дека е незгоден противник и има ист број бодови како Њукасл. Сепак квалитетот е на страната на домаќинот и веруваме дека ќе ги освои трите бода. Нашиот предлог е Тип 1 со квота 1.55 во Mozzart.

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk