До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Оваа сабота имаме намалена понуда, но ова кратко ќе трае и за две недели ќе се вратиме по „старо“. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Ливерпул – Волвс – 1/1 @ 1.73 во BC.Game
Ливерпул некако направи многу непријатни изненадувања досега, но во последно време ја подобрија формата и бележат добри резултати, па сега се вратија во зоната за Европа, а се уште се далеку од лидерската позиција. Вулверхемптон е најсериозен кандидат за преселба во Чемпионшип, а во моментов се единствениот тим кој се уште нема победа во Премиер лигата. Според овие факти, воопшто не е чудно што се на последната позиција и што имаат само два бода. Како и да е, овде очекуваме доминација на „црвените“ и типуваме 1/1 со квота 1.73 во Bc.Game.
Лече – Комо – 2 @ 1.85 во 22Bet
Лече игра по системот топло – ладно, но од нив да бидеме искрени и не очекувавме и некаков голем успех, освен да обезбедат навремен опстанок. Досега собраа 16 бода и на последните пет натпревари запишаа две победи, едно реми и два порази. На гости им доаѓа Комо, тимот кој ако продолжи со вакво темпо може многу лесно да се вклучи во борбата за Европа и тоа за нив би било успех од големи размери. Овде сметаме дека гостите ќе успеат да изиграат уште еден добар натпревар и дека ќе земат три бода. Наш предлог е 2 со квота 1.85 во 22Bet.
Гент – Вестерло – 3+ @ 1.53 во 20Bet
Овде имаме дуел од белгиската Жупиле лига помеѓу две екипи кои играат многу често отворени и ефикасни натпревари. Гент според последните натпревари и резултатите кои ги запишаа делува како да се во криза, бидејќи тие поточно запишаа две реми и три порази. Вестерло пак на последните пет натпревари немаат пораз, а нивниот учинок е две победи и три реми, а на салдото имаат вкупно 24 бода. Овде искрено ние немаме фаворит, па одлучивме да типуваме на голови. Наш предлог е 3+ со квота 1.53 во 20Bet.
Ренџерс – Мадервил – ГГ @ 1.75 во Bet365
Тимот на Ренџерс некако заостана од првата позиција и најверојатно тие ќе мора да се задоволат само со пласман во плеј оф и евентуален пласман во европските купови бидејќи во моментов имаат заостаток од 12 бода и еден натпревар помалку. Мадервил пак се снајдува одлично и тоа се докажува со моменталната 3-та позиција на табелата, а во последните три натпревари овој тим собра 7 бода што не е учинок за потценување. Ние овде очекуваме да гледаме ефикасен дуел и најмалку по еден гол на двете страни. Наш предлог е ГГ со квота 1.75 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.57
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 27.12.2025 во 07:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk











