Тикет на денот (вторник, 19.12.2023)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред нас се три возбудливи денови. Ќе се игра последната рунда во оваа година кај Германците, Шпанците и Французите. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Дортмунд – Мајнц – 1&3+ @ 2.45 во Mozzart

Фановите на Дортмунд се сеќаваат на последниот дуел со Мајнц каде што им требаше триумф за да бидат шампиони, но за жал тоа не се случи. Прашање е дали повторно Дортмунд ќе има шанса за тоа. Тие немаат победено на последните пет натпревари, а покрај елиминацијата од ДФБ купот и ремито со ПСЖ во ЛШ, ремизираа против Леверкузен и Аугсбург, а беа поразени од Лајпциг на домашен терен. Гостите се во тешка ситуација и немаат победено на последните пет натпревари, а без погодок се на последните три дуели. Ние овде типуваме 1&3+ со квота 2.45 во Mozzart.

Наполи – Фросиноне – 1 @ 1.42 во 22Bet

Актуелниот шампион на Италија полека го губи чекорот во трката за одбрана на Скудето и некако купот на Италија се наметнува како шанса за трофеј оваа сезона. Наполи стигна до 1/8 финалето и сега ги очекува дуел со Фросиноне. Гостите пак играат солидно во Серија А и се наоѓаат на 13-то место после 16 кола и тоа е сосема задоволувачки пласман со оглед дека нив ги интересира само навремен опстанок. Без поголеми дилеми овде очекуваме Наполи да победи и типуваме 1 со квота 1.42 во 22Bet.

Порт Вејл – Миделсброу – 2 @ 1.90 во Bet365

Англискиот Лига Куп стигна до ¼ финалето и ќе имаме една екипа која не е Премиерлигаш во полуфиналето. Порт Вејл е член на Лига 1, додека Миделсброу доаѓа од Чемпионшип, а сите останати се дел од елитата. Порт Вејл елиминираше доста сериозни екипи во купот, а Миделсброу е во супер расположение бидејќи во саботата славеше против  Свонси. Во овој дуел гостите се фаворити и очекуваме да ја оправдаат таа улога. Наш предлог тип за овој натпревар е 2 со квота 1.90 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3656.61

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk