Тиквеш му го продолжи договорот на Анастасовски


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Ракометниот суперлигаш Тиквеш соопшти дека потпишал нов двегодишен договор со Кристијан Анастасовски.

Анастасовски пристигна во Кавадарци во вториот дел на минатата сезона и се покажа како одлично засилување за Тиквеш.

Тиквеш претходно потпиша нови соработки и со Страхиња Симиќ, Димитар Коцев, Евгениј Темелкоски, Никола Стефановиќ и Славчо Шулевски.