Тим: Јас го посветив својот живот на освојување на Грен слем турнир; Зверев: Ќе ми требаат два-три дена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фантастичното финале на УС Опен го одиграа Доминик Тим и Александар Зверев. На крајот победата ја прослави Австриецот, кој по 0:2 во сетови стигна до 3:2 и првиот Грен слем во кариерата.

За Тим ова беше четврто финале на Грен слем турнирите. Порано губеше од Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, а сега конечно го постигна она за што сонуваше цел живот.

“Очекувам од сега ќе ми биде полесно да играм на најголемите турнири. Досегашната мисла во главата беше дека имам одлична кариера, подобра отколку што можев да сонувам, но до денес освоив една од моите најголеми цели”, рече Тим.

“Сега кога го постигнав тоа, се надевам дека ќе бидам порелаксиран и ќе играм послободно на најголемите турнири. Скоро целиот свој живот го посветив на освојување на “грен слем” и сега успеав, и тоа е големо достигнување и за мене, за моето семејство и стручен тим “, додаде тој.

Како што се очекуваше, Зверев беше разочаран, со оглед на тоа што пропушти навистина голема предност и дека ќе мора да чека нова можност за најголем успех во кариерата.

“Бев толку близу да станам шампион на “грен слем” турнирите. Ми недостасуваа неколку поени, но мислам дека ова не беше мојата последна шанса. Верувам дека и онака еден ден ќе станам шампион. Клучниот момент беше кога рано го изгубив сервисот во трет сет, од тогаш Тим започна да игра многу подобро, а јас играв многу полошо “.

“Со оглед на тоа што го загубив со 7-6 во петтиот сет откако поведов со 2-0 во сетови, се разбира дека не ми е лесно сега да се концентрирам на позитивните работи. Ќе ми требаат два или три дена да го направам тоа”, рече Зверев.