Тимот на Дончиќ за минута постигна 31 тројка (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На тренингот на Далас маверикс беше организирано натпреварување во шутирање тројки, а тимовите беа поделени на две екипи од почетири играчи, а победата им припадна на избраниците на Лука Дончиќ.

Екипата на Дончиќ во која беа Двајт Пауел, Реџи Булок и Џош Грин за една минута постигнаа 31 тројка, а тоа беше повеќе од доволно за лесен триумф.

Добро расположение владее во соблекувалната на Далас, кој во првата рунда од плејофот ја исфрли Јута џез, а сега им следат пресметки против Феникс санс, додека првиот меч се игра од понеделник кон вторник.

Дончиќ поради повреда го пропушт стартот на плејофот, но успеа да закрепне и сега повторно е подготвен за предизвици.