Тјери Анри: Можам да бидам успешен тренер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Анри во октомври минатата година го напушти местото асистент на Роберто Мартинез во селекцијата на Белгија за да започне самостоен тренерски ангажман во Монако.

Сепак,  по само три месеци Анри го напушти кормилото на овој клуб по катастрофалните резултати и само четирите победи во 20 натпревари.

Сепак, во интервју за „Телеграф“ Анри откри дека по отказот од Монако одбил дури пет понуди.

„Речете дека сум луд ако сакате, но го сакам фудбалот и верувам дека можам да бидам успешен тренер. Не размислувам за неуспехот. Не сакам да биде лесно. САкам да водами на мене е да направам тоа да се случи. Телефонот не ми ѕвонеше четири месеци од моментот кога го напуштив Монако, а одеданш потоа стигнаа пет понуди. Некои не беа такви какви што сакав, а некои беа да бидам асистент. Беа интересни понуди, но не можев да го составам мојто тим. Има луѓе кои ги оставија работите поради мене и што да им кажам, дека сега имам работа? И плус тоа не сакам да бидам број два, затоа што сакам да сум број еден“ –истакна Анри.