Тоа што го направи Де Брајне за Белгија ретко кој друг би можел!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кевин Де Брајне не успеа да ја однесе Белгија во полуфинале на Европското првенство (ЕП), откако „црвените ѓаволи“ вчера беа поразени од Италија со 1-2.

Одличниот фудбалер на Манчестер сити не го одигра мечот како што знае, а причина е повредата со која настапи на натпреварот.

Иако му се оштетени лигаментите на зглобот, Де Брајне реши да го одигра мечот против Италија и така да ризикува посериозна повреда.

„Му се заблагодарувам на медицинскиот тим кој ми помогна да заиграм, иако ми се оштетени лигаментите на зглобот“, кажа Де Брајне.

Во Манчестер сити сигурно нема да бидат среќни поради информацијата дека Де Брајне играше повреден, но очигледно тој беше подготвен да ризикува за својата татковина.