Тод: Сакам да кажам добри вести за Шумахер, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот директор на Ферари, Жан Тод беше голем пријател со Михаел Шумахер и знае детали за неговата здравствена состојба.

Шумахер веќе 10 години е во кома, откако доживеа несреќа на скијање во Франција, а Тод вели дека неговата ситуација не е променета на подобро.

„Михаел ми е добар пријател. Редовно го посетувам и можам да кажам дека се восхитувам на неговото семејство. Сакам да кажам добри вести, но реалноста е сурова и мора да ја прифатиме и да гледаме во позитивна насока“, вели Тод.

Шумахер е еден од најдобрите возачи во Формула 1, а во кариерата освои седум титули.