Тој е приоритет: Барселона поради еден играч ќе отстапи од доведувањето на Нејмар


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар ова лето беше во центарот на шпекулациите дека ќе се враќа во Барселона, но на крајот, покрај се остана во ПСЖ.

Барселона имаше намера да го врати Нејмар во своите редови откога виде дека Бразилецот има желба да го напушти тимот на ПСЖ. Нејмар сфати дека пред две години направил грешка што го напуштил каталонскиот клуб, но на крајот тие не успеаа да го вратат во своите редови.

Од Барселона признаа дека Нејмар ќе пробаат да го вратат и наредното лето доколку ПСЖ се отворат повеќе за преговори. Но, сезоната е прилично долга и може да се случат уште многу работи.

Угледниот Мундо Депортиво денес објави дека во Барселона веќе сериозно размислуваат да се откажат од Нејмар. Неочекувано во првиот тим се најде 16 годишниот Ансу Фати кој сите ги воодушеви со своите игри и многумина сметаат дека сега нема потреба Барселона да го носи Нејмар.

И покрај тоа што Ансу Фати сеуште е тинејџер, тој има големи предиспозиции да стане член на првиот тим на Барселона. Заради тоа во овој клуб веруваат дека доведувањето на Нејмар би го успорил развојот на овој млад играч кој во овој момент изгледа многу поважно од Нејмар.

Во прилог оди и фактот дека Нејмар ги изневери сите во клубот кога пред две години отиде во ПСЖ, а набрзо после тоа ја тужеше Барселона бидејќи не му беше исплатен долг за лојалност од 26 милиони евра.