Тој едноставно знае како: Роналдо ја откри тајната на успехот на Зидан ...?!

По многумина најдобриот играч на светот, Португалецот, Кристијано Роналдо, имаше само пофални зборови за бившиот тренер, Зинедин Зидан.

Француската телевизиска куќа, РМЦ Спорт послужи како повод за документарецот а трофејниот тренер, а како еден од соговорниците се појавува и Кристијано Роналдо.

Роналдо беше главен играч на првиот мандат на Зидан на „Сантијаго Бернабеу“. Португалецот откри што Французинот го прави врвен тренер.

„Мислам дека Зидан е интелегентен тренер, знае да управува со екипата на паметен начин. Сите играчи сакаат да играат што е можно повеќе, а кога ги имате многу тоа е некогаш тешко да се изведе. Меѓутоа, Зидан знае да го реши тој голем проблем, знае на секого да му всади чувство дека е дел од тимот. Неговата кариера, играчка и тренерска, говори сама за себе, најде начин талентот кој го имаше како играч да го пренесе во улогата на тренер и во соблекувалната. Работи фантастично, резултатите не се случајни“, истакна Роналдо.